3.7.2008 Работилница за искуствата од примената на ЗСПИЈК
ЗСПИЈК-СВОЕВИДЕН БУКВАР НА СЛОБОДАТА И ДЕМОКРАТИЈАТА
Во скопскиот хотел “Холидеј ин“ на 2 јули 2008 година во организација на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, се одржа еднодневна Работилница за искуствата од досегашната примена на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер. Претседателот на Комисијата Јанко Николовски пред 50–тина присутни учесници во својство на службени лица од различни институции од Република Македонија, изрази посебна благодарност до амбасадорот на Велика Британија во Република Македонија, Andrew Key, со чија поддршка се одржа и Работилницата, како дел од обемниот проект „Техничка помош и подигнување на свеста за поддршка на примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“ и до министерот за правда на Република Македонија Михајло Маневски, во чиј мандат почна примената на Законот за СПИЈК.
Во обраќањето, Николовски истакна дека Законот за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, претставува своевиден буквар на слободата и демократијата во Република Македонија...
ПРОМОВИРАНИ НОВАТА ВЕБ-СТРАНИЦА И ПРИРАЧНИК ЗА СПИЈК
Во рамките на еднодневната Работилница за искуствата од досегашната примена на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер што се одржа во хотелот “Холидеј ин“ беа промовирани новата веб страница на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, како и прирачникот- публикација „Информациите од јавен карактер се за давање, а не за чување“. Нивната подготвка и реализација беше овозможена со финасиска поддршка на Амбасадата на Велика Британија во Република Македонија, како дел од обемниот проект „Техничка помош и подигнување на свеста за поддршка на примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер“.
ОБУКА ЗА ЛИЦАТА ОДГОВОРНИ ЗА ПОСРЕДУВАЊЕ СО ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР
Во периодот од 8 април до 27 јуни 2008 година во просториите на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер се одржаа поодделни дводневни обуки за вкупно 20 групи лица одговорни за посредување со информации од јавен карактер. Со оваа обука беа опфатени службените лица задолжени за посредување со информациите од јавен карактер од органите на државната администрација, јавните претпријатија и установи, судската власт, здравствените установи, правните и физичките лица кои вршат јавни овластувања, политичките партии, како и образовните институции од градот Скопје. Наесен, по завршувањето на годишните одмори, се планира да биде организирана обука за уште 30 групи службени лица кај имателите на информации од јавен карактер на територијата на целата држава, со што вкупната бројка на лицата кои ја минале оваа школа ќе достигне околу илјада.
Од вкупно поднесените 330 жалби во текот на 2007–та година, согласно можностите што им ги дава Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер, граѓаните дури 197 жалби поднеле против државните институции. Незадоволството од таканареченото „немо одбивање“, или ненавремено доставување на бараната информација, како и од нецелосната односно делумна аргументација на пооделните барања, граѓаните го манифестирале и со поднесување на други 37 жалби против политичките партии, како и на 28 жалби против акционерски друштва.
10.6.2008 Седница на Комисијата за пристап до информации од јавен карактер
ДОНЕСЕНИ 4 РЕШЕНИЈА
Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер на својата 85 седница одржана на 10 јуни 2008 година, донесе 4 решенија.